Уапсен 47-годишен маж: турнал скала на која бил вработен на ЕВН, па истепал друг работник

Вчера околу 10:10 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 47-годишниот Д.Г. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека турнал скала на која бил еден вработен на ЕВН Македонија, а потоа физички и со тврд предмет нападнал друг вработен во ЕВН додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Scroll to Top