Вчера во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ѓ.(43) и Р.Ѓ.(42) од една страна и А.С.(32) и С.З.(34) од друга страна, сите од Скопје.
Според пријавеното, причина за физичката пресметка било тоа што претходно А.С. физички ја нападнал малолетната ќерка на Н.Ѓ. и Р.Ѓ..
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.







