(Фото) Ѓорѓиевски: Повеќе од 220 фонтани за пиење вода се ставени во функција

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извести дека во координација со ЈП „Водовод и канализација“, мапирале, сервисирале и ставиле во функција повеќе од 220 фонтани за пиење вода, засега.

„Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните за пиење вода низ градот беа оставени надвор од функција.
Она што требаше да биде секојдневна услуга за граѓаните, беше претворено во уште еден заборавен проблем. Тоа, го менуваме“, порача градоначалникот.

Scroll to Top