ЦУК: Четири активни пожари во Македонија, 2 под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои: 4 се активни, 2 се под контрола, а9 се изгаснати. Активни пожари: 4 1. Општина Чашка – над Богомила (мешана шума) 2. Општина Куманово – с. Слупчане (нискостеблеста шума) 3. Општина Студеничани – с. Дречавица (шумски пожар во планински терен) 4. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума) Под контрола: 2 1. Општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума) 2. Општина Желино – с. Церово (мешана шума) Изгаснати се пожарите во Берово, Брвеница, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крушево, Долнени, Струга и Студеничани.

Scroll to Top