Ќе се испитува безбедноста на игралиштето во Гостивар каде што 14-годишно девојче почина по пад од лулашка

Основното јавно обвинителство Гостивар побара обдукција на 14 – годишното девојче кое почина откога падна од лулашка на игралиште во Гостивар. Ќе се испитуваат сведоци и ќе се проверува безбедноста на реквизитите на игралиштето.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција, како и  насоки да се преземат повеќе дејствија за испитување на евентуални сведоци и проверки по однос на статусот, безбедноста и одржувањето на реквизитите поставени на игралиштето“, соопшти Обвинителството денес.

Синоќа Медицинскиот центар Гостивар пријавил во тетовската полиција дека кај нив, без знаци на живот, била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, која престојувала во Гостивар. Паднала од лулашка во паркот во Гостивар, а дежурниот лекар констатирал смрт.

Фото: Депозитфотос

Scroll to Top