12-годишник тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата Ферид Мурати во Скопје, тешко е повреден 12-годишник од Зелениково.

Според информациите од СВР Скопје, во малолетникот удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната А.М. од Скопје.

Повредите кај детето биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Scroll to Top