„13 Ноември“ организира бесплатни уролошки проверки и ехо на бубрези и простата во месецот на машкото здравје

Оваа сабота, 29 ноември, со почеток во 10 часот, ЈЗУ Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје ќе го одбележи Мовембер, месецот посветен на машкото здравје, со организирање бесплатни прегледи за сите заинтересирани мажи.

Уролошките прегледи ќе ги врши д-р Дарко Марковски, уролог од ГОБ „8-ми Септември“, а ехо на бубрези и простата ќе изведуваат д-р Марика Филипова и д-р Марија Сековска, специјалисти интернисти од болницата „13 Ноември“.

Од установата велат дека ова е можност за навремена проверка и превенција, и ги повикуваат сите граѓани да го посетат настанот.

Scroll to Top