13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почеток на денешното судење за пожарот во кочанската доскотека „Пулс“ судојката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен скужбеник во Министерството за економија кој е во притвор и во чија ќелија биле пронајдени вкупно 13 мобилни телефони и лаптоп.

„Морам да ве предупредам дека ви следува самица и други казни“, рече судијката Груевска-Илиевска.

Обвинетиот Камбери се обиде да објасни дека и тој ги нашол 13-те мобилни и компјутерот во келијата, што судијката не го зеде пррдвид и уште еднаш му кажа дека мора да го предупреди.

Судењето продолжи со изјави за оштетни побарување од семејствата на загинатите.

Scroll to Top