16-годишник паднал од електричен тротинет во Неготино: со тешки повреди завршил во болница

Вчера во ОВР Неготино, било пријавено дека околу 14:00 часот на крстосница од улица „Климентова“ и улица „Дојранска“ во Неготино, 16-годишник од Неготино,  управувајќи електричен тротинет паднал на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишникот, констатирани во Општа болница Кавадарци.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.  

Scroll to Top