17-годишник и 15-годишник со сила ограбиле доставувач, му го украле ранецот со пратки

Полицијата во Скопје спречи грабеж извршен од двајца тинејџери, кои нападнале доставувач и му го украле ранецот со пратки.

На 29 август 2025 година, околу 18:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 17-годишен и 15-годишен малолетник, двајцата од скопско.

Според информациите, истиот ден околу 16:40 часот, малолетниците со употреба на физичка сила го нападнале 23-годишниот У.Д. од Скопје, кој во моментот извршувал работни задачи како доставувач на пратки. Тие му го одзеле ранецот со пратки, по што се обиделе да избегаат.

Брзата реакција на полицијата довела до нивно пронаоѓање и приведување во Визбегово. По целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Scroll to Top