18-годишна Турчинка тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Вчера околу 00:40 часот, во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булевар „Трета македонска бригада“ и улица „Пролет“ се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повредена 18-годишна девојка од Турција.

Според пријавеното, патничко возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот С.И.Х. од Турција, изгубило контрола и удрило во рекламен билборд.

Сопатничката Ј.А.Е. (18) се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите ѝ биле констатирани.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Scroll to Top