19-годишен државјанин на Турција падна од балкон во Карпош, тешко повреден

Деветнаесетгодишен државјанин на Турција е тешко повреден откако паднал од балкон на зграда на подрачјето на Карпош во Скопје.

Според информациите од полицијата, настанот бил пријавен вчера во 15:40 часот. Станува збор за К.А.Е. (19) од Република Турција.

Повредениот со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top