21-годишен мотоциклист загина во несреќа кај Старо Нагоричане

Вчера во 16:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Кокино-с.Длабочица, општина Старо Нагоричане, мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од А.Д.(21) од Куманово, излетал од коловозот.

Од здобиените повреди на пат кон болница починал мотоциклистот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Scroll to Top