Вчера во 09:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш лишија од слобода 43-годишна радовишанка затоа што околу 05:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна мајка.
Таа е спроведена во здравствена установа, а за настанот е запознаен јавен обвинител.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.







