Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,шкода октавија” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило ,,фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп.
Во несреќата, на местото, како што потврдија од полицијата за „Макфакс“, починале возачот на патничкото возило ,,шкода” и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, спопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило ,,голф”, констатирани во Општа болница Кавадарци и бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршил јавен обвинител во содејтво со увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот е нормализиран во 17:00 часот.







