62-годишен тетовец лишен од слобода поради сомнение за силување на дете под 15 години

62-годишен жител на тетовско село е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Од МВР информираат дека Р.Н. синоќа во 21:45 часот сам се пријавил во Полициската станица Тетово, откако претходно на социјалните мрежи било објавено видео поврзано со случајот.

По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, лицето било лишено од слобода поради основано сомнение за кривично дело предвидено во член 188 од Кривичниот законик.

Р.Н. е задржан во полициската станица за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Scroll to Top