Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

69-годишно лице загина во пожар во куќа во Валандовско

22.09.2026, 13:31

Вчера околу 17:55 часот во Полициска станица Валандово е пријавено дека настанал пожар во ќука во с.Пирава, валандовско.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Валандово, при што било констатирано дека при гасење на пожарот во една од собите е пронајдено безживотното тело на Е.О.(69) од тоа село.

Според полицијата, од екипа на Итна медицинска помош Валандово е констатирана смрт, а за настанот  е запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.

Поврзани вести