84-годишна скопјанка паднала во автобус: со тешки повреди е пренесена во болница

Во СВР Скопје вчера во 11:00 часот било пријавено дека во градски автобус на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, паднала 84-годишната патничка Е.Д. од Скопје.

Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Scroll to Top