Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

15.10.2026, 19:29

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат во предмети за кривичното дело – Трговија со луѓе денеска остварија билатерални средби со претставници на обвинителствата од Бразил, Колумбија и Венецуела кои во нивните земји постапуваат по ваков вид на криминал.

Средбите беа организирани на маргините на дводневната Регионална експертска средба посветена на зајакнувањето на прекуграничната соработка и заштитата на странските жртви на трговија со луѓе во Западниот Балкан што во се одржува во Скопје, под покровителство на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (УНОДЦ).

На средбите беа разменети искуства и информации во однос на конкретни постапки со сомненија за трговија со луѓе во кои осомничени или жртви доаѓаат од јужноамериканските држави.

Исто така, беше договорена и натамошна директна соработка и испитување на можностите за потпишување меморандуми со кои дополнително ќе се развијат каналите за размена на информации со јавните обвинителства во овие земји со цел ефикасен прогон на меѓународниот криминал.

Поврзани вести