Петок, 13 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Четири годишно девојче паднало од скалите на семејната куќа: со тешки повреди пренесено на Клиника

Синоќа во 21:55 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено четиригодишно девојче од с.Средно Коњари, скопско.

Според пријавеното, девојчето се здобило со повредите пред два дена при пад од скали во семејната куќа.

Надлежните известија дека полициски службеници од СВР Скопје излегле на терен и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани вести