Cuban Jazz Explosion во Скопје – спектакл со Националниот џез оркестар и Alain Pérez

На 16 април, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи ексклузивен концерт „Cuban Jazz Explosion“, заедно со светски реномираниот кубански музичар Alain Pérez и неговата осумчлена ритам-секција La Orquesta. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет во Скопје.

Настанот е дел од европската турнеја „La Fiesta Tour“, која ја носи автентичната енергија на кубанската музика на најзначајните сцени низ Европа. Со спој на салса, тимба и џез, концертот ветува вечер исполнета со ритам, страст и врвна музичка изведба.

Alain Pérez (Куба) е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент со интернационална кариера. Своето светско признание го стекна како член на легендарниот состав Irakere, под водство на Chucho Valdés, како и преку долгогодишната соработка со фламенко-иконата Paco de Lucía.

Во текот на својата кариера, Pérez соработувал со некои од најголемите имиња на светската сцена, меѓу кои Chick Corea, Wynton Marsalis, Celia Cruz, Rubén Blades, Paquito D’Rivera, Diego El Cigala и Isaac Delgado, создавајќи препознатлив звук кој ги обединува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во енергична и автентична звучна целина.

Добитник на престижни Grammy Awards и Latin Grammy Awards признанија, Pérez денес се смета за еден од најзначајните претставници на современата афро-кубанска музика.

Билетите за концертот може да се набават online на MKTickets и на продажните места на MKTickets.

Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ. Билетите може однапред да се резервираат на: [email protected]

Scroll to Top