Денеска од 08:30 часот неколку скопски улици без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-150 мм на Митрополит Теодосиј Гологанов бб (кај Треска), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Христо Смирненски, 9-ти Мај, Роза Луксембург, Диме Аницин, дел од Митрополит Теодосиј Гологанов, Васил Стефановски, Петар Попарсов, Костурски Херои и Борка Талевски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.

