Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Две деца паднале од електричен тротинет пред училиште, едниот тешко повреден

30.09.2026, 12:16

Двајца малолетници се повредени откако паднале од електричен тротинет на локален пат во тетовското село Чифлик.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен на 29 септември околу 15:00 часот во СВР Тетово. Малолетниците се превезувале на електричен тротинет и паднале пред основно училиште во селото.

Едниот малолетник се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани вести