Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото) На Табановце запленет 1,7 килограми накит: цариниците открија 595 сребрени прстени

14.10.2026, 09:06

Царински службеници на граничен премин Табановце при контрола на автомобил открија дури 595 сребрени прстени, кои сторителот со намера да избегне плаќање давачки ги имал скриено под седиштата, извести Царинската управа.

„Накитот со вкупна тежина од 1,7 килограми е запленет, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Прекршокот е снимен со телесни камери“, соопштуваат од Царинската управа.

Поврзани вести