Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото) Општина Карпош: Учениците од „Војдан Чернодрински“ нижат успеси и награди

01.10.2026, 10:23

Талентот, трудот и посветеноста на учениците од ООУ „Војдан Чернодрински“ повторно носат одлични резултати, велат од Општина Карпош.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

„Павел Шаламаноски, ученик во III-а одделение, ја освои првата награда на Меѓународната поетска манифестација „Сплоти се Македонијо“, со песната „Моја Македонија“. Честитки и за неговата менторка, наставничката Светлана Софијаноска, која доби пофалница за својот уметнички придонес.

Михаил Псалтиров, ученик во VII-б одделение, освои две златни медали и две први места на меѓународниот пливачки митинг „Orion Cup Mini 2026“, во дисциплините 50 и 100 метри грбно.

Честитки за Павел, Михаил и нивните ментори! Ви посакуваме уште многу успеси, награди и причини за гордост!“, соопшти Општината.

Поврзани вести