Истовремено соопштение на ВМРО-ОКГ и на Платформата – ЗНАМ 2.0, ист ракопис, иста порака, велат од СДСМ

Тие што ја доведоа партијата до историски пораз во 2024 година. Тие што ја предадоа партијата на ВМРО. Тие што заедно со Максим Димитриевски и руската Левица, бараат реформи во СДСМ, реагираат преку соопштение од опозициската партија.
„Тие што добија тендер од 1,6 милиони евра. Тие што го бранат трговецот со оружје што му плаќа на Мицкоски лобирање за американска ходник дипломатија. Тие што набавуваат хеликоптери, па ВМРО го става случајот во фиока.
Тие што дозволија Артан Груби да игра фудбал по канцеларии. Тие што ја пишуваа програмата, што беа шефови на штабови по изборни единици, носители на листи на најголемиот пораз на СДСМ.
Тие што потпишуваа петиција за ослободување на Орце Камчев. Тие што молчеа кога се носече Кривичниот закон за да се ослободат некои“.
Истите тие денес ја обвинуваат СДСМ за резултатот во Брвеница – резултат што е поголем од нивниот и подобар од лани за 46 проценти, велат од СДСМ.
„Тие се повикуваат на анкетата на ВМРО платена 400.000 евра, анкета што не можеше повеќе да го скрие падот на ВМРО и на арамијата Мицкоски, што мораше да објави пад на повеќе од 40 проценти.
Кому му пишува текст Ивона Талевска, па се однесуваат како портал на ВМРО, како Орбанов медиум што тврди дека некој договара влез во влада со Мицкоски?
Каква жолта штампа е Платформата – ЗНАМ 2.0. Лош ученик на Латас.
Треба ли уште објаснувања за овој нов сателит на Мицкоски? Дали има уште некој на кого не му е јасен овој обид за внесување немир во редовите на СДСМ“.
Не поминува, порачуваат од оваа партија. „Прочитани сте одамна. СДСМ не се предава на кафеана, хотел и тендер.
СДСМ не е на продажба. Македонија не е на продажба“.


