Понеделник, 9 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Кривична пријава против 22-годишник од Дебарско за вонбрачен живот со малолетничка

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц. (22) од дебарско село поради сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

На 13 август годинава, 22-годишникот започнал вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско село, откако по претходен договор ја зел со автомобил во близина на нејзиниот дом, велат од МВР.

По преземените мерки, полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи, во присуство на член на семејството на малолетничката, извршиле службени разговори, по што 22-годишникот бил приведен.

Поврзани вести