М КЕШ ПРОДОЛЖУВА СО ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ АКТИВНОСТИ ЗА ПОВОЗРАСНИТЕ, МЛАДИТЕ И ЖЕНИТЕ

М Кеш продолжува со општествено одговорните активности во рамки на кампањата „Од срце за срце“, која се иницираше по повод одбележувањето на 10 години од постоењето на ова финансиско друштво.

Во изминативе месеци вработените на М Кеш реализираа низа на активности кои имаа за цел да помогнат на граѓаните и на заедницата во која живееме. Најпрво, беа донирани 180.000 денари за ЈЗУ Клиника за детски болести – Оддел за хематологија и онкологија, но исто така беа реализирани акции и во голем број на воспитно – образовни установи.

Имено беа подобрени условите за следење настава во неколку училишта, градинки, а се овозможи бојадисување и на Зоолошката градина во Скопје.

Исто така, тимот на М Кеш донираше и социјални пакети со прехранбени продукти на голем број граѓани, а беа опфатени и неколку домови за лица со попреченост, пензионерски домови и др.

„Од срце за срце“ е акција која има за цел да облагороди и голем број на јавни простори, кои треба да служат за спорт и рекреација на граѓаните. Оттука целосно беше уредена зона за рекреација во дебарскиот дел од Македонија.

  • Стремејќи се да се грижиме за нашите клиенти, соработници, но и сите граѓани, во овие моменти подготвуваме акција во пресрет на месецот на женското здравје – „розовиот“ месец октомври, каде што сите жени – вработени во компанијата ќе добијат можност за бесплатен ехо преглед на дојки, а оваа можност ќе ја добијат и дел од клиентките на компанијата кои ќе бидат селектирани по случаен избор. „Од срце за срце“ не е само еднократна кампања туку еден поинаков концепт на работа во секојдневието, кој се базира на поддршка, помош и емпатија, посочува Бјанка Катру, заменик генерален директор на М Кеш, Бјанка Катру.

М Кеш ќе продолжи да биде лидер на пазарот, а транспарентноста, дигитализацијата на процесите и заштита на клиентите останува меѓу врвните приоритети.

За сите новости и продукти информирајте се тука.

Scroll to Top