Понеделник, 9 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Мајка уапсена во „Идризово“, му носела пакет со марихуана на синот затвореник

Шеесет и петгодишна скопјанка вчера била уапсена во затворот „Идризово“, откако во пакет што го донела за својот син, кој издржува затворска казна, била пронајдена марихуана.

Според информациите од МВР, на 8 ноември, околу 10 часот, при преглед на пакетот била пронајдена и одземена марихуана, по што полициски службеници во 11:30 часот ја лишиле од слобода Џ.Ф. (65) од Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести