Четврток, 26 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Македонски Концепт: Отвораме „Канцеларија“ за поддршка на гласачите во институционалните лавиринти

Претседателството на Македонски Концепт донесе одлука за отварање на „Канцеларија за поддршка на гласачите“ што ќе им помага за низа проблеми, обраќање до надлежните институции и следење на постапувањето по нивните барања. Причина за истото е институционалната нефункционалност и игнорирање на потребите и проблемите на обичните граѓани.

Гласачот не е важен само за време на избори. Македонски Концепт е партија на народот и кога нема избори. Кај нас, секој ќе има достапно место каде ќе биде сослушан, ќе добие јасна информација и практична поддршка. Обезбедуваме бесплатна помош за комунални и локални проблеми, подготовка на барања, ургенции, користење електронски услуги и предмети за кои граѓаните подолго време чекаат одговор. Младите да ги упатиме на вистинската адреса, повозрасните да ги помогнеме да ги надминат административните бариери и тешкотии во користењето дигитални услуги, лицата со попреченост во неможноста да ги остварат своите права.

Нашето јавно ветување е: „Ќе го евидентираме вашиот проблем, ќе утврдиме кој е надлежен и ќе ве информираме за секој следен чекор.“ Канцеларијата ќе соработува со надлежните институции и служби, кои постапуваат и одлучуваат во рамки на своите овластувања. Нејзината улога ќе биде да ја олесни комуникацијата, да обезбеди административна поддршка и да го следи предметот до јасен, документиран исход.

Иницијативата се темели на еднаков пристап за сите граѓани, без условување со партиско членство или политичка определба, како и на доверливост и одговорно постапување со личните податоци.

Ги повикуваме институциите, општините, граѓанските организации и стручните лица да ја поддржат разработката на иницијативата. Граѓаните ги охрабруваме да предложат кои услуги и проблеми треба да бидат опфатени со нејзината работа.

Започнуваме со работа и прием на граѓаните од страна на професионално ангажирани лица на 01.12.2026 година. Термин и локација за средба закажете на тел. 070 404 767

ПР

Поврзани вести