Сабота, 2 мај 2026 година
Апостолот, војводата, учителот — Гоце повторно беше со мене. Жив.
Чудно, но вистинито. Тој ден имав дружба со Гоце, благодарение на Sоф.
Гоце е запишан во црковната македонска хронологија, а заедно со Григор Прличев и Кочо Рацин е дел и од мојата „Христијанска загатка Македонија“.
Тој ден, во сабота, на Sоф му ја подарив мојата најнова книга „Јасновидец… Трагичен македонски пророк“, која му ја имам посветено на Кочо Рацин. И во овој ракопис, Гоце е спомнат преку зборовите на г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.
Почитувани читатели и македонска јавност, ви порачувам да ја прочитате оваа книга и да запознаете еден нов, митски лик — создаден од врвно писателско перо — како се движи низ минатото, стварноста и бесмртноста, како најголем македонски и безвременски светилник.
Како читател, се запрашав: зошто е напишан овој роман?
Одговорот го добив многу бргу, низ неговиот поетски тек:
„Долго време Македонија се објаснуваше како приказна што ѝ се случила. Како судбина што ја снајде. Како крст што некој друг ѝ го ставил на плеќи. Но, колку повеќе се чита и колку подлабоко се навлегува, толку појасно станува она што е најтешко да се прифати — дека најдлабоките рани не ги направиле туѓите раце, туку сопствените поделби, молкот, братоубиствата и подготвеноста тие да се оправдаат.“
Овој мемоарски запис за романот го завршив на 4 мај 2026 година — денот кога беше убиен Гоце.
На крајот од ова слово запишувам дека сум внук на месниот војвода Атанас Димовски, дедо по мајка, од село Шештеово, Костурска околија (Егејска Македонија, денешна Грција).
Тој, како и апостолот Гоце, почива во слободна Македонија.
Ставре Џиков
судија, државен обвинител и адвокат









