Mozzart продолжува со Театарот на хуманоста: Полна сала за „Ивона, принцезата од Бургунд“

Втората претстава во рамките на проектот Театарот на хуманоста беше маестралната изведба на делото Ивона, принцезата од Бургунд, во режија на Билјана Радинкоска.

На сцената блеснаа Елена Кузманов, Сергеј Димовски, Кристина Христова Николова, Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов, Кристина Ласовска, Ева Скендеровска, Виктор Арсов, Илија Илиоски и Александар Вељановски.

Вечерта во Театар Комедија повторно беше исполнета со магија – полна сала, насмевки и громогласен аплауз што долго одекнуваше по завршувањето на претставата.

Публиката уживаше во убавината на делото, а импресивната игра на актерите ја претвори сцената во вистинско ремек-дело.

„Ивона принцезата на Бургунд“ не беше само театарска изведба, туку и потсетник дека културата може да биде мост кон хуманоста. Секој посетител имаше можност да ја погледне претставата без да купи карта, а истовремено да придонесе за оние на кои им е најпотребно преку донации за Банката за храна. Така, секоја насмевка во салата се претвори во надеж за некого надвор од неа.

Од Mozzart велат дека нивната мисија е јасна – секој да има можност да ужива во театарската уметност, без пречки и ограничувања, а истовремено да се поттикне духот на солидарност и добрина.

„Со секоја претстава сакаме да покажеме дека уметноста и хуманоста се неразделни. Нашата цел е да создадеме заеднички моменти што ќе инспирираат и ќе помогнат,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Проектот „Театарот на хуманоста“ продолжува со уште неколку претстави во наредниот период. Секоја нова изведба ќе биде нова можност за граѓаните да уживаат во културата и истовремено да направат добро дело.

ПР

Scroll to Top