Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Муцунски – Мацинка: Ја цениме принципиелната и континуирана поддршка на Чешката Република за нашиот европски пат и за полноправното членство во ЕУ

19.08.2026, 10:56

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид е домаќин на неговиот чешки колега, заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.

Како што информираше министерот Муцунски, било разговарано за натамошно продлабочување на македонско-чешкото партнерство и политичкиот дијалог, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

„Чешката Република е еден од нашите значајни европски и евроатлантски партнери. Како сојузници во НАТО, ја нагласивме важноста од тесна соработка и координација во услови на сè посложени геополитички и безбедносни предизвици.

Посебен акцент ставивме на европската интеграција. Ја цениме принципиелната и континуирана поддршка на Чешката Република за нашиот европски пат и за полноправното членство во Европската Унија.

Значителен потенцијал постои и за поголема трговска размена, нови инвестиции и конкретни партнерства, особено во транспортот и инфраструктурата, енергетиката, туризмот, земјоделството и технологијата“, соопшти Муцунски.

Поврзани вести