Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

На Табановце уапсен 58-годишен велешанец: возел автомобил баран од Интерпол, Италија

05.09.2026, 15:25

Вчера во 13:50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода 58-годишниот В.К. од Велес, со живеалиште во Валандово.

При извршена гранична контрола и проверка, било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со италијански национални ознаки, кое тој го управувал е во потрага од Интерпол, Република Италија.

Возилото е одземено, а В.К. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Поврзани вести