Нови цени на горивата: Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поскапе, а бензините ќе поевтинат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
„Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,50 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2 денари за литар“, одлучи РКЕ.
Од 20.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 96,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 98,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 99,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 110,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 53,579 (денари/килограм)

