Недела, 18 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Полициска акција низ цела држава: 16 лица лишени од слобода, запленети дрога, оружје и муниција

18.10.2026, 19:02

Шеснаесет лица биле лишени од слобода, а дрога, огнено оружје, муниција и парични средства биле запленети во засилена полициска акција што на 16 и 17 октомври била спроведена на територијата на целата држава.

Акцијата ја реализирал Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, со цел откривање и сузбивање на криминалот, со посебен акцент на недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје.

Во рамки на операцијата биле извршени вкупно 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата.

При претресите биле пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба.

Полицијата запленила и огнено оружје, односно пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Во врска со случаите, поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Поврзани вести