Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Претседателот на Собранието Гаши во посета на Саудиска Арабија

28.09.2026, 09:00

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на 28 септември ќе престојува во посета на Ријад, Кралството на Саудиска Арабија.

Делегацијата предводена од претседателот Гаши е во состав: Никола Мицевски, координатор на ВМРО – ДПМНЕ; Оливер Спасовски, координатор на СДСМ и Аднан Азизи, заменик координатор на Влен.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средба со својот хомолог, Шеик д-р Абдула бин Мухамед бин Ибрахим Ал-Шеик, претседател на Консултативниот совет (Шура), како и со пратеници и членови на Групата за пријателство, а ќе присуствува и на пленарна седница на Советот на Шурата.

Поврзани вести