Понеделник, 19 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

19.10.2026, 09:24

СДС се повеќе тоне, истакнуваат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година.

Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори“.

Тоа што јасно може да се види, додаваат од владејаќката партија, е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител.

„Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник.

За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани.

Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна.

ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори.

Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани“.

Поврзани вести