Понеделник, 19 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

„Розов октомври“ во Карпош: Едукација за важноста на раното откривање на ракот на дојката

19.10.2026, 20:04

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје. На почетокот на настанот, присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја истакна важноста на здравствената едукација и превенцијата, нагласувајќи дека Општината и во иднина ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи од значење за здравјето и благосостојбата на граѓаните.

Настанот привлече бројна публика, а особено радува големиот број присутни жени кои со своето учество покажаа дека за оваа важна тема треба да се зборува отворено, гласно и без предрасуди. Преку едукативното предавање на д-р Катерина Китановска, примариус специјалист по радиодијагностика, присутните имаа можност да добијат значајни информации и корисни совети за превенцијата, редовните прегледи и важноста на раното откривање на ракот на дојката.

Посебен белег на настанот беше активната интеракција меѓу публиката и докторката. Големиот број прашања, отворената дискусија и споделените совети придонесоа за подетално информирање и поголема свесност за значењето на навремената грижа за здравјето.

Преку ваквите иницијативи, Општина Карпош продолжува да ја поттикнува здравствената едукација, да ја поддржува превенцијата и да создава простор за разговори што можат да направат вистинска разликa.

Поврзани вести