Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре нема да работат

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок), по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.
Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота).
„Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите“, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk
