Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Скопјанец ја нападнал сопругата со која се разведува, полицијата го уапси

13.10.2026, 13:31

Дваесет и петгодишен скопјанец е уапсен по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга, со која е во бракоразводна постапка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Нападот бил пријавен во дом на подрачјето на Гази Баба, по што полициските службеници презеле мерки и го привеле осомничениот А.А. (25).

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести