Сообраќајна несреќа во Скопје: „мерцедес“ удрил во пешак, тој се здобил со тешки повреди

Педесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечерта на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 20:40 часот, кога патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот Ф.А. од Скопје, удрило во 50-годишниот Д.Ф., исто така од Скопје.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
