Тешко повредена 62-годишна скопјанка, во неа удрил мотоциклист на крстосница

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил мотоциклист на крстосница во Скопје.
Несреќата се случила вчера, 15 октомври, околу 9:10 часот, на крстосницата на улиците „Кирил и Методиј“ и „Народен фронт“.
Триесет и шестгодишниот С.С. од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, удрил во пешачката Л.В. (62), исто така од Скопје, според информациите од МВР.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, додека мотоциклистот поминал со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во приватна болница во Скопје.
