Сабота, 17 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Тетовец ѝ побарал пари на мајка си, па откако му дала, побарал уште и фрлил предмет кон неа – приведен е

17.10.2026, 14:00

36-годишен тетовец бил приведен откако неговата 62-годишна мајка пријавила дека станал агресивен откако му дала пари и побарал уште.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил денеска, околу 1 часот по полноќ. Жената пријавила дека синот ѝ побарал пари, а откако ги добил, станал агресивен и побарал дополнителна сума, при што фрлил тврд предмет кон неа.

Полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода К.Б. (36) во 7:15 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

Поврзани вести