TOTALENERGIES И STELLANTIS ГО ЗАЈАКНУВААТ И ПРОШИРУВААТ СВОЕТО ПАРТНЕРСТВО СО ВИСОКО-ПЕРФОРМАНСНИ МОТОРНИ МАСЛА

По повеќе од педесет години соработка заснована врз извонредност, иновации и заеднички вредности, TotalEnergies и Stellantis со гордост го објавуваат обновувањето и проширувањето на нивното стратешко партнерство во Европа,     со цел на своите клиенти да им понудат најдобри решенија за моторни масла и мазива.
Партнерство засновано на доверба и иновации
Од своите почетоци со Citroën пред повеќе од половина век, партнерството помеѓу Stellantis и TotalEnergies прерасна во симбол на доверба, перформанси и технолошка извонредност. Заедно, двете компании продолжуваат да ги поместуваат границите, здружувајќи ги силите за да ја обликуваат иднината на мобилноста.
„Горди сме што го обновуваме нашето партнерство со Stellantis, кое се темели на повеќе од педесет години заедничка доверба и иновации“, изјави Pierre Duhot, потпретседател за лубриканти во TotalEnergies. „Ова ново поглавје ја проширува нашата соработка со сите брендови на Stellantis и ја зајакнува нашата заедничка амбиција за развој на поодржливи и поефикасни решенија за мобилност.“
Првично обновен во 2021 година за брендовите Peugeot, Citroën, DS Automobiles и Opel, Vauxhall, договорот сега се проширува и ги опфаќа сите десет легедатни брендови на Stellantis: Fiat, Jeep, Lancia, Alfa Romeo, Abarth, Citroën, DS Automobiles, Opel, Vauxhall и Peugeot.
 
„Ова проширено партнерство со TotalEnergies ја одразува нашата посветеност кон квалитет, иновации и одржливост во рамки на сите брендови на Stellantis. Со комбинирање на техничката експертиза и пристап насочен кон иднината, нудиме решенија кои ги задоволуваат променливите потреби на нашите клиенти, особено кога станува збор за квалитетот“, изјави Francesco Abbruzzesi, директор за делови и услуги на Stellantis за проширена Европа.
Основите врз кои се темели заедничката визија
 
Партнерството се темели на четири клучни столба што ја симболизираат долгогодишната соработка меѓу TotalEnergies и Stellantis во развојот на моторни масла и лубриканти:
·         Истражување и развој: постојана заедничка работа насочена кон иновации и техничка извонредност, со развој на напредни решенија за сегашните и идните генерации мотори.
·         Натпреварување: повеќе од 50 години заедничка посветеност во светот на мотоспортот, каде што TotalEnergies е поддршка на Stellantis во постигнувањето врвни резултати и перформанси.
·         Постпродажна соработка: тесна соработка за обезбедување стручна помош и решенија прилагодени на потребите на дилерските и сервисните мрежи на Stellantis и нашите клиенти.
·         Одржливост: заедничка заложба за поодржлива и циркуларна иднина преку еко-дизајнирани производи и одговорни производствени процеси.
Редефинирање на перформансите во духот на циркуларната економија
 
Во 2024 година, TotalEnergies Lubrifiants одбележа значајна пресвртница во циркуларните иновации со лансирањето на TotalEnergies Quartz EV3R 10W40, првото моторно масло направено од 100% регенерирани базни масла, одобрено од производителите. Овој револуционерен производ е првиот одржлив лубрикант на пазарот, ко-брендиран со Stellantis SUSTAINera, со што се зајакнува заедничката стратегија на двете компании.
Заедно во унапредување на иновациите: портфолио на моторни масла од TotalEnergies и Mopar“
Врз основа на ова силно партнерство и водени од нашата заедничка DNK за унапредување на иновациите, TotalEnergies и Stellantis лансираат заеднички бренд-портфолио на моторни масла со две производни линии: TotalEnergies Quartz MOPAR и TotalEnergies Quartz EV3R MOPAR SUSTAINera, и двата официјално одобрени според најновите FPW стандарди на Stellantis.
Scroll to Top