Вторник, 10 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Трошоците за живот и инфлацијата растат – стандардот на народот се влошува, оценуваат од СДСМ

Од опозициската СДСМ предупредуваат дека инфлацијата повторно расте. Посочуваат дека Државниот завод за статистика регистрираше раст на трошоците за живот во октомври годинава, споредено со лани истиот месец, за 3,3%.

„Цените на мало се зголемени за 3,2%. Со Мицкоски и неговата Организирана криминална група животниот стандард на граѓаните постојано се влошува.

Потрошувачката кошничка во октомври надминува 70.000 денари, а со кирија достигна околу 90.000 денари. А минималната плата не мрда од 26.000 денари.

Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно“.

Мицкоски, додаваат од СДСМ, одби да ја покачи минималната плата на 600 евра.

„Нема пари за мерки за народот, нема пари за повисока минимална плата – парите ги троши само за криминални партиски тендери.

Се најавуваат поскапувања на струјата и парното од наредната година.

А во буџетот нема пари за мерки и за поддршка на народот“.

Според нив, Мицкоски го доведе до колапс со дупка од околу 900 милиони евра. Трупа, како што велат, нови скапи задолжувања кои ќе ги плаќаат граѓаните и идните генерации.

„Ова е резултатот од две и пол години владеење на арамсика ВМРО – испразнета државна каса, милијарди нови долгови, работници без плати и срушен животен стандард.

Нема пари за народот има само за криминални тендери.

За грабежот што го прават врз грбот на народот ќе одговраат – пред граѓаните и пред независни институции, сите до еден“.

Поврзани вести