Tетовка тешко повредена во сообраќајна несреќа

Вчера во полицијата било пријавено дека на крстосницата меѓу булевар „Илинденска“ и улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, автомобил „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И. (54) од Тетово, удрил во 57-годишната Х.Ќ. од Тетово.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Scroll to Top