Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Уапсен велешанец: запалил сува трева и отпаден шут, пожарот се проширил на ридот во близина

17.09.2026, 11:26

Вчера во 13:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 59-годишниот Т.Т. од Велес затоа што во дворот запалил сува трева и отпаден шут, при што настанал пожар кој се проширил на ридот во близина и зафатил сува трева.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани вести