Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“, уапсен скопјанец

04.09.2026, 11:38

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево.

По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РСМ“.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Поврзани вести