Среда, 28 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да се обидуваат

Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува“.

Сето тоа, додава Мансиевски, се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија.

YouTube · кликнете за да се вчита видеото

„Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин.

За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото.
Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски“.

Го промовираа, вели Манасиевски, и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот.

„Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се“.

Поврзани вести